Услови за користење

Почитувани Потрошувачи,


Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на Marquis Shoes&Fashion, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на Marquis Shoes&Fashion, која е детално опишана во делот насловен: “Упатство за купување” и “Достава”, потребно е Marquis Shoes&Fashion да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Marquis Shoes&Fashion, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и Marquis Shoes&Fashion воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

Marquis Shoes&Fashion ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на marquisshoes1999@yahoo.com или на + 389 72 214 929.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Marquis Shoes&Fashion да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење.


2. Гаранции и одговорности

Marquis Shoes&Fashion ја управува страницата www.marquis.mk од своето седиште на ул. Максим Горки бр.17 - Скопје. Така, Marquis Shoes&Fashion гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, Marquis Shoes&Fashion не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Marquis Shoes&Fashion не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите на Marquis Shoes&Fashion. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Marquis Shoes&Fashion не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Marquis Shoes&Fashion не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Marquis Shoes&Fashion нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, Marquis Shoes&Fashion има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Marquis Shoes&Fashion не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.


3. Политика и услови за достава

Доставната служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 7 работни дена на цела територија на РМ.

За сите нарачки над 6000 денари, испораката е бесплатна за цела Македонија.

За нарачките чија вредност е помала од 6000 денари се плаќа 150 денари за испорака на територијата на Република Македонија.

Пратките се доставуваат до првата врата ( дворна врата од куќа, влезна врата од зграда ) и важи за сите производи. Во недела и празници доставната служба не ги доставува производите.

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку доставните служби во Скопје на адресата која е наведена во порачката.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од доставната служба.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.


4. Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното и сето тоа по барање или мислење на купувачот, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети, не оштетен, пакувањето зачувано и сл.Транспортниот трошок за враќање на производите во овој случај е на трошок на купувачот. Можете да го вратите лично или преку доставните служби на РМ.


Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 070 228 387 / 072 214 929 или на нашата електронска адреса marquisshoes1999@yahoo.com и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.
Ако Marquis Shoes&Fashion нема ист ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате замена за друг модел, број или во краен случај да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. Marquis Shoes&Fashion се обврзува да ве извести дали има има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Пополнете ја Формата "РЕКЛАМАЦИЈА" која се наоѓа во долните дел на нашата веб страна.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка и банката која ќе ја наведете во Формата "РЕКЛАМАЦИЈА".


5. Достава на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:
- врз основа на презентирање на производот;
- употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;
- времето кога производот е пуштен во промет и
- кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:
- својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;
- дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;
- презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и
- категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:
- бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
- сразмерно намалување на продажната цена;
- замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
- замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на
производната цена и
- раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. Термо Ситем е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.
Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање.

6. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

Marquis Shoes&Fashion го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.
 
Со самиот пристап на интернет страницата на Marquis Shoes&Fashion и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
Marquis Shoes&Fashion ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

8. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички
 
Marquis Shoes&Fashion ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Термо Систем ДООЕЛ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
9. Политика за заштита на доверливите податоци и информации
 
Marquis Shoes&Fashion ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Marquis Shoes&Fashion за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.
 
10. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички
 
Marquis Shoes&Fashion ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.


11. Начин на плаќање


Marquis Shoes&Fashion ви озвозможува да го платите одбраниот производ со:

    со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р.Македонија преку CaSys International картичниот систем
    во готово (при испораката на нарачката)
    вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство


Плаќање при испораката на нарачката:

Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извржува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адреса, курурот е должен да остави известување за пратката.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата email адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката.

Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или редовниот начин со уплатница во најблиската банка или пошта.

По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адреса за испорака.

За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигање во нашата продавница во Скопје:

Адреса: ул. Максим Горки бр.17 - Скопје (во редот на Швајцарска Амбасада)


Можност за купување на РАТИ!!!

Согласно со вашата картичка која ја користите и на која имате интерен договор на рати со вашата банка.


12. Нарачка и лично подигање


    Опис на купување преку картичка (Е-ПРОДАВНИЦА)​

​1. Отворете сметка ако прв пат купувате, ако сте веќе корисник во нашата продавница само најавете се.

2. Го бирате производот кој сакате да го купите --> Селектирате ВО КОШНИЧКА --> Горе десно кликате на кошничката и ви се отвара производот кој сте го одбрале -->​ Кликате преглед доколку сакате да видите кои производи ви се во кошничка или можете да кликнете веднаш во ПЛАЌАЊЕ

3. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секое пополнето поле кликате продолжи и ќе стигнете до 6ти чекор - ПОТВРДА НА НАРАЧКА

4. Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на ПРОДОЛЖИ СО ПЛАЌАЊЕ, вашата нарачка автоматски се префрлате на страница каде што ќе извршите уплата со вашата платежна картичка.

5. Со внес на вашите валидни податоци автоматски ќе се потврди вашата наплата.


    Нарачка по телефон и email​​

​Ако немате доволно време за вашата нарачка да ја направите преку нашата интернет продавница, вие ви даваме можност истата да ја направите преку нашиот телефонски број  072 214 929 или 070 228 387 или преку email на marquisshoes1999@yahoo.com 

Нашите оператори ќе ви помогнат во процесот на регистрација, користењето и функционалноста на интернет продажбата, пребарување на артиклите, како и во изборот на последните чекоти при купувањето.

Ако се одлучите вашата нарачка да ја спроведете преку нашите оператори, телефонски или преку е-пошта, потребно е да ни оставите информации за:

- Примателот

- Адреса за испорака

- Контакт телефонски број


Ние ќе ви испратиме понуда со уплатница или ќе ви ја испорачаме пратката на дадената адреса, со можноста за плаќање при самата испорака (во готово).

За нарачки направени преку телефон или email, не се овозможува плаќање со кредитна картичка поради заштита на вашите лични податоци.

Работно време на операторите

    Понеделник - Петок: 08:00 - 16:00 часот

За време на викенди и празници нарачките се овозможени само преку нашата веб страница со што телефонскиот број не е во функција.


    Лично подигање

Платените нарачки можете лично да ги преземете во нашата продавница во Скопје.

Тој се наоѓа во Скопје на адреса: ул. Максим Горки бр.17 - Скопје (во редот на Швајцарска Амбасада)

Работно време на продавницата:

    Понеделник - Петок: 09:00 - 21:00 часот
    Сабота - 09:00 - 18:00 часот

При лично подигање на артиклите кои ги имате претходно нарачано, ве молиме прво проверете дали артиклите се подготвени за преземање на телефонскиот број: 072 214 929 или 070 228 387

Кога лично се подигнуваат артиклите во нашиот магацин Ве молиме да понесете копија од фактурата која е пратена на вашата email  адреса. При подигнување на артиклите од нашиот магацин немате никакви дополнителни трошоци за испорака.


Забелешка: Кога артиклите се платени со општа уплатница, истите ќе бидат испорачани кога уплатените средства ќе бидат прокнижени на нашата банковна сметка (според принципите на банките - по правило, наредниот работен ден) затоа ве молиме проверете го статусот на нарачката на телефонскиот број  072 214 929 или 070 228 387


13. Безбедна испорака

Цената на испораката е 150 ден. за вкупна нарачка до 3000 ден., над 6000 ден. испораката е бесплатна.

Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок до 7 работни дена на целата територија на Р. Македонија, до секоја адреса и населено место.

Пратките се доставуваат до првата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштетени. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи ожтетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број: +389 72 214 929, + 389 70 228 387 или преку email marquisshoes1999@yahoo.com 


14. Гаранција на производите

Гаранцијата на производите се наоѓа во Описот на производите. Во случај на некаков дефект, обратете се прво директно во нашата продавница на ул. Максим Горки бр.17 - Скопје, или контактирајте не нашите броеви 072 214 929 или 070 228 387 или на нашиот меил marquisshoes1999@yahoo.com 

Можете да пратите барање и преку Формата за Рекламација на производ , која се наоѓа во долниот дел на нашата продавница.

15. Ваучер (подарок)

1. Ваучерот треба да го пополните со податоци на примачот кој самиот формулар ги бара.

2. Откако ќе го пополните формуларот, продолжувате со плаќање на ваучерот.

3. Вашиот ваучер се наоѓа во ШОПИНГ КОШНИЧКА

4. Откако сте кликнале ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна со 6 чекори за да извршите ПЛАЌАЊЕ. На секое пополнето поле кликате ПРОДОЛЖИ и ќе стигнете до 6ти чекор - ПОТВРДА НА НАРАЧКА

5. Откако ќе ја потврдите вашата нарачка на ПРОДОЛЖИ СО ПЛАЌАЊЕ, вашата нарачка автоматски се префрлате на страница каде што ќе извршите уплата со вашата платежна картичка.

6. Со внес на вашите валидни податоци автоматски ќе се изврши наплата.

 

За нас

Секогаш во чекор со модата, водени од потребата кожните чевли и галантерија директно од светските саеми во Милано да ги овозможиме и на современиот урбан македонски граѓанин. Задоволството, удобноста и модниот елемент го направи нашиот бренд препознатлив во Скопје и државата.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 72 214 929 +389 70 228 387
  • marquisshoes1999@yahoo.com

Facebook

Marquis Shoes&Fashion © 2019. UKION SHOPS