Начин на плаќање

Marquis Shoes&Fashion ви овозможува да го платите одбраниот производ со:

• со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro од било која банка во Р. Македонија преку CaSys International картичниот систем
• во готово (при испораката на нарачката)
• вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство

Плаќање при испорака на нарачката:
Оваа опција ви овозможува да нарачате производ и при самата испорака на дадената адреса да го извршите плаќањето. Плаќањето при испорака на соодветната адреса се извршува исклучиво во готово. Во случај да примачот не е во состојба да ја прими пратката на наведената адресата, курирот е должен да остави известување за пратката.


Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:
Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. 
Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. 
По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака.


За платените нарачки ви нудиме и можност за лично подигнување во нашата продавница во Скопје:

Адреса: ул. Максим Горки бр.17 - Скопје

Можност за купување на РАТИ!!! 

Согласно со вашата картичка која ја користите и на која имате интерен договор на рати со вашата банка.

 

За нас

Секогаш во чекор со модата, водени од потребата кожните чевли и галантерија директно од светските саеми во Милано да ги овозможиме и на современиот урбан македонски граѓанин. Задоволството, удобноста и модниот елемент го направи нашиот бренд препознатлив во Скопје и државата.

Читај повеќе

Контакт

  • +389 72 214 929 +389 70 228 387
  • marquisshoes1999@yahoo.com

Facebook

Marquis Shoes&Fashion © 2024. UKION SHOPS